Thursday, 7 May 2015

Најубави мисли за пријателството                    


Во светот се кажани милиони мисли за пријателството. Колку што има пријателства, толку и мисли се напишани. Секоја од нив има посебно значење и му дава посебна тежина на пријателството. Но, дел од нив се навистина посебни. Овој пат издојуваме петнаесетина кој навистина се прекрасни. Вие одберете само една и подарете ја на вашиот пријател. Сигурно ќе го изненадите многу.



Секој го слуша тоа што го кажуваш, ама само пријател може да го чуе тоа што го премолчуваш.
Jас сум добар пријател. Ако моите пријатели сакаат да скокнат од мост, јас нема да скокнам со нив, јас ќе бидам долу да ги фатам.
Ако постои меѓу две срца цврсто пријателство, не им е потребна размена на новости.
После пораз, човекот ги познава своите вистински пријатели.
На крајот, нема да ги паметиме навредите на нашите непријатели, туку тишината од нашите пријатели.
Единствената награда за добрината е добрина, единствен начин да имаш пријател е да бидеш пријател
Секој ке искаже сочуство во твоите жалости, само пријателот ќе покаже радост на твоите успеси.
Ако ги оствариш своите цели, ќе наидеш на неискрени пријатели иискрени непријатели. Не е важно, остварувај ги своите цели!
Таму каде што се слеваат пријателските патишта, целиот свет за момент почнува да изгледа како роден крај.
Пријателите се како лубеници. Додека најдете една добра мора да пробате стотина.
Пријателот во добри времиња е како сенката што исчезнува кога ќе настапи темнината.
Се додека има разум, ништо да нема да најдам што ќе може да се спореди со еден добар пријател.
Ниедна врска не ги поврзува срцата на луѓето толку цврсто, како пријателство во невоља.
Пријателство е една душа во две тела.
Пријателите се вистински крадци на времето.
Пријател е човекот кој го разбира твоето минато, верува во твојата иднина и те прифаќа денес таков како што си.



Како да препознаете лажни пријатели

Замислете дека имате пријател/ка, некого што го љубите и кому се доверувате, а таа личност всушност има негативни чувства према вас. Секако, кога сте заедно ќе ви се насмее, но во своето срце не ви посакува добро, чувствува огорченост, а понекогаш и ве мрази.

Никој не сака да го мразат, но кога ве мрази или многу малку се грижи за вас токму оној кому му верувате, тоа станува ноќна мора. Овој вид на предавство ви го крши срцето.
Предупредувачни знаци:
1. Кога на таа личност ќе и требате, ве запоседнува, но во моментот кога вам ви треба нешто – рамо за плачење, оброк, доверба – ја нема никаде.
2. Внатрешното чувство ви кажува дека под никакви околности не треба да верувате во таа личност. Но, не можете да заклучите зошто така се чувствувате.
3. Се чувствувате лошо поради повеќето лоши коментари што ви ги кажува.
4. Кога сте среќни, не може да биде среќна поради вас, но се чини дека се чувствува многу добро кога вам ви тргнува на лошо.
5. Сфаќате дека скоро сите ваши меѓусебни разговори се вртат околу неа: нејзините проблеми, нејзиниот живот, а воопшто за вас.
6. Откривте дека ве озборува.
7. На социјалните мрежи пишува суптини навреди за вас и другите пријатели. А кога вие ќе поставите нешто, ве исмева или е груба.
8. Почнувате да забележувате дека во разговорот морате да бидете многу внимателни, бидејќи не можете да кажете како навистина се чувствувате, плашејќи се да не ја налутите.
9. Разговара со вас како да сте мало дете.
10. Не се брза да ви одговори на пораки, мејлови или повици… освен ако не и треба нешто од вас.
11. Толку ве критикува (за ваше добро), што се прашувате на чија страна е.
12. Можеби прониклива, но истовремено потполно нетактична (како да нема сочувство). Ако имате проблеми со мажот или децата, ќе ви даде стотина совети и да ви нагласи колку грешите.
13. Со секоја добра вест што ќе ја споделите со неа, успева да го уништи моментот.  

No comments:

Post a Comment